Јапонски навивачи на трибините за време на натпреварот меѓу Холандија и Јапонија (2:2) од групата Ф на Светското првенство 2026 / Фото: Profimedia

На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот

На два дена сме од полуфиналните натпревари на Светското фудбалско првенство, во трката за титулата останаа четири репрезентации: Франција – Шпанија и Аргентина – Англија.

Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, уште еднаш се пофали со неверојатната посетеност на стадионите за време на Мундијалот.

Досега се одиграни точно 100 натпревари, а четирите клучни се пред нас – полуфиналето, натпреварот за третото место и големото финале.

ФИФА во неделата објави дека досега, точно 6,527,410 милиони навивачи ги гледале натпреварите од Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Во просек, 65.274 навивачи го гледале секој натпревар на стадионот. А тоа е повеќе отколку на претходните две светски првенства заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот