Легендарен англиски судија: Голот на Англија требаше да биде поништен
Фудбалската репрезентација на Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолженијата и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. За пласман во големото финале избраниците на селекторот Томас Тухел ќе играат против Аргентина во среда од 21:00 часот по македонско време.
Препорачано
Англија славеше во драматичен и контроверзен натпревар. Норвежаните поведоа во 36 минута преку Андреас Шјелдеруп, но херој на мечот за Англичаните беше Џуд Белингам.
Напаѓачот на Англија прво израмни во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме за 1:1, а на стартот од првото продолжение во 93 минута го постигна победничкиот гол. Натпреварот беше обележан со две контроверзни одлуки. Првата беше израмнувачкиот гол на Англија, кој се чинеше дека дојде откако топката удри во кабелот на камерата.
Heggem & Norway Goal Disallowed after VAR Check. Foul by Haaland.pic.twitter.com/DVZk6GEuM6
— Daily Foot Vibes (@dailyfootvibes) July 11, 2026
Францускиот судија Клемент Турпан и ВАР не реагираа. Втората контроверзна одлука беше поништен гол на Норвешка за 2:1. Торбјорн Хегем постигна гол кој беше поништен поради прекршок во нападот и ново правило воведено специјално за Светското првенство.
Норвежаните, но и многу неутрални фудбалски навивачи, тврдат дека Норвешка била оштетена при првиот гол на Англија и дека тој не требало да биде признаен. Марк Клатенбург (51), познат поранешен англиски судија, се согласува со ова.
For the benefit of those who haven’t seen the review of the ball hitting the camera cable before England’s equaliser on Fox Sports… pic.twitter.com/TQks5POkLe
— Melissa Reddy (@MelissaReddy_) July 11, 2026
Клатенбург, кој судеше на финалето на Лигата на шампионите и Евро 2016, како стручен коментатор за Фокс Спортс за време на Светското првенство рече:
– Некои ќе прашаат зошто ВАР не интервенираше. Да, тие можат да интервенираат ако контактот на топката со кабелот на камерата е дел од ситуација што може да се прегледа. Ова е случај кога напаѓачката фаза од играта директно води до гол и ова беше дел од инцидент подложен за ВАР проверка, па ВАР требаше да го забележи и да интервенира – рече Клатенбург.
Клатенбург забележа дека опремата Спајдеркам не е дел од теренот. Според официјалните фудбалски правила, ако топката удри во надворешен предмет над теренот, судијата е должен да ја запре играта и да ја продолжи со спуштање на топката од местото каде што дошло до контакт со туѓиот предмет.


