СДСМ - партиска зграда / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

СДСМ нема да учествува на координативна средба за Изборниот законик, објавија од „Бихаќка“

„Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?“, велат од опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Еве го во целост соопштението од партијата:

„Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста? СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава. Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората. Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација“.

„СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните“, велат од СДСМ.

Апасиев му фрли ракавица на Мицкоски за Изборниот законик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот