Фото: Служба за заштита и спасување на Општина Котор

ФОТО | 68-годишен возач на минибус задремал зад воланот во Црна Гора — патничка загина, 16 луѓе се повредени

16 патници се повредени, а една жена им подлегна на повредите во тешка сообраќајна несреќа во црногорското село Липци, на патот меѓу Котор и Никшиќ. Според полицијата, првичните информации укажуваат на замор и поспаност на возачот, пренесoa регионалните медиуми.

„Денес, во Липци, на главниот пат Липци – Грахово, во 13:10 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувало едно возило. Сообраќајната несреќа се случила кога минибус, кој се движел од насока на Никшиќ, допрел до камена падина што се наоѓа покрај патот, од десната страна на патот, што предизвикало превртување на возилото“, соопшти полицијата.

Фото: Служба за заштита и спасување на Општина Котор

Како што додаваат, во несреќата се повредени 16 патници, кои се пренесени во болницата „Васо Ќуковиќ“ во Рисан за медицинска помош. Загинала една патничка, повозрасна жена.

Минибусот го возел Љ.М. (68) од Котор, од кого полициските службеници ќе земат изјава за околностите на сообраќајната несреќа.

На местото излегол државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Котор, кој извршил увид.

Фото: Служба за заштита и спасување на Општина Котор

„Се преземаат полициски и обвинителски активности за утврдување на сите факти за овој инцидент. Причината за сообраќајната несреќа се истражува, а прелиминарните податоци укажуваат дека возачот бил уморен и поспан“, велат од полицијата.

Млада фудбалерка на ПАОК загина во тешка несреќа во Грција — камион за ѓубре удрил во нејзиниот мотор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот