Насловна страница на „Културен печат“ број 339

Излезе „Културен печат“ број 339 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 339, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (11-12.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со актерот Тони Наумовски, добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот „Преку езерото“: Секое градење лик е одисеја сама по себе

– разговор со Ристо Василевски, добитник на наградата „Книжевен жезол“ на ДПМ: Поезијата ќе биде свето писмо за оние што ќе дојдат по нас

– независниот театар „Златен Елец“ во Центарот за култура во Битола на 8 јули ја изведе премиерата на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска

– ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција на 16 јули ќе го отвори јубилејното 20-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ во античкиот локалитет Хераклеја во Битола

– драматургот на Театар „Комедија“, Дарко Спасов, е годинашен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“ – почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“

– Патувачкото кино на „МакеДокс“ повторно тргна на пат низ Македонија

– Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица во своето 21-во издание од 4 до 8 август ќе се одржи со мото „Со отворени очи“

– уметникот Страхил М. Петровски со просторната инсталација „Архитектура на невидливото“ на 16 јули ќе се претстави во македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Бугарија

– Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“ ја претстави изложбата „Unfocus to see“ во Културно-информативниот центар во Скопје

– од печат излезе романот „Изгубените женски ракописи“, четврта авторска книга на македонската писателка Дијана Петрова

– во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, на 6 јули, се одржа промоцијата на најновата книга „Плутон на таванот“ од писателот Дејан Крстески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот