ФОТО | Ана Ивановиќ со стајлингот го покори Париз на Неделата на висока мода, реагираше и Моника Селеш
Грациозни вечерни фустани, секојдневни лежерни варијанти, безвременски парчиња, тренирки – сè ѝ стои и сè совршено и некако природно се вклопува во нејзиниот вроден, лежерно елегантен стил и естетика. Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ не престанува да воодушевува со одлични изданија што го потврдуваат нејзиниот статус како една од најголемите модни икони во светот на спортот, а сега го освои и Париз, парирајќи им на холивудските ѕвезди кои внимателно ја следат Неделата на висока мода.
Препорачано
Осумнаесет години по нејзиниот голем триумф на Ролан Гарос, Ана Ивановиќ повторно го фрли Градот на светлината на колена. Овој пат, не ѝ помогна рекетот, бидејќи одамна не се занимава со професионален тенис, туку специфична модна филозофија која одамна ѝ обезбеди цела армија следбеници. Поддржувачите на лежерната елеганција, минимализмот и тивкиот луксуз ја сметаат за заштитен знак на тој тренд, а со секое ново издание таа покажува дека не погрешиле што ѝ веруваат.
View this post on Instagram
По еден вид летна стилска ревија што им ја претстави на своите следбеници на Инстаграм и низа одлични комбинации, убавата Ана заминала за Париз, каде што е во тек Неделата на висока мода. Таа присуствувала на ревијата на Стефан Роланд во „Олимпија“, каде што била претставена колекцијата есен/зима 2026/27 на брендот, инспирирана од француската музичка легенда Далида.
За таа гламурозна пригода, Ана избрала интересна креација што не ги оставила рамнодушни парижаните – долг портокалов фустан без ракави, гламурозен и воедно лежерен модел што не ја следи строго линијата на телото, со дискретно деколте и светкави детали во средината. Стајлингот го комплетирала со златна чанта од брендот „Ботега Венета“.
Косата ѝ била благо собрана во горниот дел, додека брановидните краеви лежерно паѓале на рамената. Накитот бил дискретен, како и секогаш, додека лесната шминка суптилно ја нагласувала нејзината природна убавина и исончаниот тен. Да не го заборавиме најважниот додаток – широката насмевка.
Малку е да се каже дека Ана Ивановиќ ги воодушевила присутните. Ова го докажуваат бројните „лајкови“ под објавата на Инстаграм, како и комплиментите. Еден од коментарите дошол од нејзината постара колешка и голем пример, легендарната тенисерка Моника Селеш.
„Зачудувачки!“ напишала малата Мо чиј коментар не можеше да остане незабележан.
ФОТО | Ана Ивановиќ го покажа лицето без грам шминка, изгледа 10 години помладо!


