ФОТО | Џенифер Лопез го маѓепса Париз во „гол“ фустан — беше покриена само со кристали
Џенифер Лопез ја одбележа Модната недела во Париз со своите впечатливи модни изданија, а уште една модна ревија каде што го украде шоуто беше онаа на Селија Критариоти, каде што се појави во „гол“ фустан декориран со циркони и кристали.
Препорачано
Актерката и пејачка се појави со својата сестра Линда Лопез на ревијата за висока мода на Селија Критариоти за есен/зима овој четврток во Париз.
На модната ревија, Џенифер воодушеви во фустан декориран само со кристали, во комбинација со пердувесто палто. Фустанот на Лопез беше направен од целосно проѕирен материјал, со многу кристали во пастелни нијанси на зелена, жолта и сина боја што се спуштаат по проѕирниот материјал.
View this post on Instagram
Фустанот имаше длабоко деколте, меѓутоа, најважниот дел од изгледот на Лопез беше несомнено пердувестиот плашт. Го носеше префрлен преку рамо, а ова парче во нежно сиво-сина нијанса ги нагласи сите светки на фустанот.
За да го комплетира модниот изглед, Лопез облече потетици во металик сребрен боја и чанта.
Вчерашното модно издание не беше единственото што ги привлече погледите кон Лопез. Таа изминативе денови се појави и во долга црна кадифена тоалета со длабоко деколте, кое го истакна нејзиниот изглед. Следниот ден папараците ја фотографираа при излегување од хотелот во уште едно впечатливо модно издание – црни бермуди, бел горен дел со пердуви во стил на јакна и црн градник.
ФОТО | Како Одри Хепберн — погледнете како изгледала Џенифер Лопез на венчавката на Тејлор Свифт


