Фото: Инстаграм/Горан Папаз

ФОТО | Горан Папаз одбележа четири години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле не значи дека ова не се најубавите години“

Македонскиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа прославија четири години брак, а по тој повод музичарот сподели емотивна порака на социјалните мрежи, посветена на својата животна сопатничка.

Папаз и Наташа на крајот на 2024 година станаа родители на тројка, а покрај нив, семејството го сочинува и неговиот син од претходна врска. Иако, како што самиот признава, изминатата година и пол им била исполнета со непроспиени ноќи и многу обврски околу децата, тој вели дека токму овој период е најубавиот во неговиот живот.

„Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие четири години не се најубавите од мојот живот.

Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија.

Овие фотографии се еден мал дел од нашиот (многу) исполнет живот. Среќна 4-ка од брак, ти си мојата љубов и најголемото ДА потврдено во секој животен предизвик“, напиша Папаз.

Објавата беше проследена со семејни фотографии, на кои парот споделува моменти од заедничкиот живот со своите четири деца.

Фото: Инстаграм/Горан Папаз
Фото: Инстаграм/Горан Папаз
Фото: Инстаграм/Горан Папаз
Фото: Инстаграм/Горан Папаз
Фото: Инстаграм/Горан Папаз

ФОТО | „Раце полни љубов и среќа”: Горан Папаз и сопругата го прославија првиот роденден на трите дечиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот