Фото: Принтскрин /Инстаграм

ФОТО | „Раце полни љубов и среќа”: Горан Папаз и сопругата го прославија првиот роденден на трите дечиња

Семејството на Горан Папаз имаше посебен повод за славење. Имено, музичарот и неговата сопруга Наташа го одбележаа првиот роденден на тројката која ја добија на крајот на минатата година.

Горан и Наташа споделија низа семејни фотографии од домашната прослава со малите Лена, Луна, Лазар, но и со поголемото синче Дамиан на Папаз и нивните најблиски.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Покрај фотографиите тие споделија и емотивна порака со која им го честитаа роденденот на трите дечиња.

– Една година од најубавиот ден во мојот живот – 3 нови, разиграни срциња во 3 минути. Среќен роденден сонциња на мама и тато, да сте ни секогаш здрави, среќни, разиграни, палавки и исполнети со љубов и прекрaсни луѓе околу вас. Ве сакаат мама, тато и бато до бесконечноста и назад. П.С. За мене вака изгледа „Раце полни љубов и среќа” – пишуваше покрај фотографиите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот