ВИДЕО | Миа Костова му стана „мајка“ на Јанг Дади во новиот спот за „Син на мама“
По хитот „Лидија“, кој собра речиси два милиони прегледи за три месеци, Јанг Дади ја претстави својата нова песна „Син на мама“, придружена со забавен видеоспот во кој една од главните улоги ја има инфлуенсерката Миа Костова.
Препорачано
Автор на музиката, текстот и идејата за песната е самиот Јанг Дади, додека за аранжманот, миксот и мастерингот повторно е заслужен Андреј Ник, со кого соработуваше и на „Лидија“.
Видеоспотот, реализиран од „Такат стјудиоуз“ во режија на Генц Халими, носи хумористична приказна во која ликот на Јанг Дади се соочува со изборот на партнерка, додека неговата мајка, чија улога ја толкува Миа Костова, внимателно ги проценува девојките што се појавуваат во неговиот живот. Покрај Костова, во спотот настапуваат и инфлуенсерката Тијана Скулиќ, како и Гала Поњавиќ, Елиана Христи, Јоана Делова и Марта Михајловски.

„Син на мама“ е и првиот музички проект што Јанг Дади го објавува под издавачката куќа „Авалон“, со која неодамна започна соработка.
Во меѓувреме, Јанг Дади се подготвува за својот прв солистички концерт, кој ќе се одржи на 12 септември во спортскиот центар „Јане Сандански“, во организација на „Авалон“.
Од организаторот најавуваат дека пејачот ќе настапи во живо со бенд, а концертот ќе биде збогатен со мултимедијална продукција и визуелни ефекти. На сцената ќе му се придружат и гости, пријатели и соработници од регионот кои биле дел од неговото музичко патување уште од почетоците на кариерата.
Со Ана на ТИ | Јанг Дади: Никогаш не сум бил вака заљубен како сега


