Со Ана на ТИ | Јанг Дади: Никогаш не сум бил вака заљубен како сега
Во новото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостува Јанг Дади, едно од највпечатливите имиња на домашната хип-хоп сцена, кој со својот автентичен стил и младешка енергија успева да го привлече вниманието на сите генерации. Типичен по неговите „кечи“ хитови е присутен на плејлистите на сите кои ја сакаат и почитуваат новата македонска музика.
Препорачано
Разговорот нè врати во неговите палави детски денови во Дебар Маало, продолжи низ средношколските искуства кои ги памети како позитивни, па сè до патот кон успехот кој го живее, каде и музиката и бизнисот му одат од рака. Јанг Дади отворено зборува и за влијанието на социјалните мрежи врз неговата кариера, но и за тоа како се гради препознатливост во време кога вниманието трае само неколку секунди.
Тој сподели и како со текот на годините му се променило сфаќањето за љубовта, од интензивни, но токсични врски во младоста, до денешната, позрела перспектива, во која љубовта значи заеднички раст, поддршка и визија за иднината. Искрено зборува и за сопствените грешки, искуства и лекции, отворајќи теми за емоционалната зрелост, изборите во врските и личниот развој.
Поткастот „Со Ана на ТИ“ можете да го гледате секој петок во 19:00 на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.


