стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Охриѓанец голтнал пакетче со дрога и починал по бркотница со полицијата

Драматична бркотница во Охрид синоќа завршила трагично, откако сопатник во автомобил што бегал од полицијата проголтал пакетче со дрога во обид да ја скрие, по што му се влошила состојбата и починал.

„На 08.07.2026 година во 22:30 часот на булеварот ‘Туристичка’ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил ‘ренџ ровер’ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П. од Охрид кој веднаш проголтал паковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба“, соопшти МВР. Полициските службеници повикале Итна медицинска помош и С.П. бил пренесен во Општата болница во Охрид. И покрај обидите на лекарите да го спасат, тој починал“, пишува во соопштението.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот охриѓанец денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола.

Пронајдена дрога во Охрид, приведен 25-годишник

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот