Допирал жена во продавница, приведен е 59-годишник во Кисела Вода

Педесет и деветгодишен маж со престојувалиште во Скопје бил приведен откако била поднесена пријава дека недолично се однесувал кон жена во продажен објект.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули, околу 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н. (59) на подрачјето на Кисела Вода.

Случајот бил пријавен откако, според наводите, мажот допирал по телото 31-годишна жена во продажниот објект.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АУДИО: Мајката на 14-годишното момче крвнички избодено со нож во Ченто тврди дека полицијата го води случајот како „насилство“, а не како обид за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот