Тревис Келси првпат проговори за запросувањето на Тејлор Свифт по свадбата: „Цело време планирав да ја побарам за жена“
Само неколку дена по свадбата со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, американскиот фудбалер Тревис Келси првпат јавно откри детали за моментот кога решил да ја запроси, објави „Пипл“.
Препорачано
Во финалната епизода од сезоната на поткастот „Њу Хајтс“, што ја води со својот брат Џејсон Келси, Тревис се наврати на запросувањето, кое парот го објави на 26 август 2025 година.
„Ја започнавме сезоната со Тејлор, што беше навистина епско. Додека го снимавме целиот разговор, јас цело време си мислев: ‘По ова ќе ја побарам оваа жена за сопруга’“, рече Келси.
Тој додаде дека тоа е епизода што засекогаш ќе ја памети.
Со оваа изјава, Келси ја потврди долгогодишната претпоставка на обожавателите дека ја запросил Тејлор веднаш по снимањето на таа епизода од поткастот.
Двојката се венчаше на 3 јули на раскошна церемонија во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, пред околу 1.000 гости. На свадбената прослава настапија Пол Макартни и Стиви Никс.
Според списанието „Пипл“, внатрешноста на арената била претворена во магична шума, исполнета со дрвја и папрати, додека седиштата биле покриени со бела ткаенина.

Тејлор до олтарот пристигнала на специјално уредена сцена, а младенците си размениле завети што траеле околу 20 минути и ги читале од книги со златни корици. За гостите подготвиле и извезени марамчиња со нивните иницијали.
На приемот, Пол Макартни ја извел легендарната песна „I Want to Hold Your Hand“, а настапила и Стиви Никс, долгогодишна пријателка и менторка на Тејлор Свифт.
Портпаролот на пејачката потврди дека свадбените креации на младоженците биле изработени од модната куќа „Кристијан Диор От Кутур“, под креативно водство на Џонатан Андерсон.
Наместо деверуши и старосвати, братот на Тејлор, Остин Свифт, ја имал улогата на „почесен сведок“, додека братот на Тревис, Џејсон Келси, бил негов кум. Венчавката ја водел нивниот пријател, актерот Адам Сендлер.


