Почина ѕвездата на хит-серијата „Тјудорите“ на 44 години — ја загуби битката со ракот
Познатата ирска глумица Слејн Кели, која публиката најмногу ја сакаше во популарната телевизиска серија „Тјудорите“, почина на 44 години по тешка борба со болеста.
Препорачано
Актерката, родена во 1982 година во Даблин, починала во саботата, мирно во својот дом, опкружена со оние што најмногу ја сакале – нејзиното семејство. Нејзиниот близок пријател Пади Кортни се огласи на социјалните мрежи за оваа трагична загуба, откривајќи ја причината за смртта со трогателните зборови: „Ракот ѝ го одзеде животот“.
Слејн го остави зад себе неутешното семејство – родителите Марион и Џо, братот Дарах, но она што крши срца е фактот дека го остави зад себе својот 11-годишен син Нокс, нејзиното единствено дете.
View this post on Instagram
Многумина ќе ја паметат по маестралната улога на Џејн Хауард во серијата на Би-би-си „Тјудорите“, во која играше рамо до рамо со познатиот актер Џонатан Рис Мајерс. Таа беше и препознатливо лице од рекламата за чај на компанијата „Берис ти“. Покрај актерскиот талент, Слејн постигна успех и како филмска продуцентка. Работеше на реализацијата на романтичниот филм „The O’Brien’s“ од 2013 година, каде истовремено толкуваше и една од главните улоги.
Сепак, нејзиниот живот не беше врзан исклучиво за светлата на рефлекторите. Слејн имаше огромно срце и неизмерна љубов кон животните, што ја охрабри да ја основа градската фарма „Градска фарма Свети Ана“. Оваа заедничка фарма, која сè уште функционира како работен и образовен центар, ќе остане како прекрасно наследство на нејзината хумана работа и благороден дух.
View this post on Instagram
Во официјалното соопштение со кое се збогуваа од саканата ќерка, мајка и сестра, семејството истакна дека Слејн многу ќе им недостасува на сите што ја познаваа и ја сакаа и дека засекогаш ќе биде запаметена по нејзината работа и дух.
Почина пејачката Лорен Бенет на 37 години, позната по светскиот хит „Party Rock Anthem“


