Едина Муса - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Едина Муса - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Едина Муса сама замина во болница: „Ќе правам шеста операција на коленото“

Поранешната македонска кошаркарка Едина Муса ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи дека денеска ја очекува шеста операција на коленото.

Пред зафатот, таа објави видео од последниот тренинг, откривајќи дека повторно ќе мора да направи пауза со физичките активности поради повредата.

„Ова е последниот тренинг пред операција, моја шеста операција на коленото, благодарение на сите тие напорни тренинзи кои ги имав во Америка.

Малкумина од вас знаат дека кога игравме финале со Струга, на првата утакмица го повредив менискусот, и притоа играв уште две утакмици повредена, односно не можев да трчам, имав болки, имав сецкање во коленото.

При вежби со тежина немам никаков проблем, меѓутоа сум тотално ограничена за какво било трчање, менување на правец, таа што уживам во овие моменти пред операција, за која го спремив телото“, рече Муса.

Утрово таа сама пристигна во болницата, а на својот инстаграм-профил објави сторија со слика од самата себеси и се пошегува на своја сметка.

„Кој иде на операција пешки со ранче (ха, ха)“, напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Подоцна сподели и фотографија од болничкиот кревет, додавајќи: „Ако ништо друго, овие два дена ќе си ја дочитам книгата“.

Муса е позната по тоа што редовно тренира и води активен животен стил, а и за време на бременоста остана физички активна. По породувањето брзо им се врати на тренинзите, но сега ја очекува период на закрепнување по новата операција на коленото.

МАМАВИЗИЈА | Едина Муса: Имам вдлабнатина од царскиот рез, ама тоа не е важно откако станав мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот