„Засекогаш во срцата“: Членовите на „Морал“ со емотивно сеќавање на Влатко Илиевски
Со емотивна објава на социјалните мрежи, членовите на рок-групата „Морал“ му оддадоа почит на својот поранешен фронтмен Влатко Илиевски, по повод осум години од неговата смрт.
Препорачано
Бендот објави фотографија од младите денови на Влатко, направена зад сцената на еден концерт, потсетувајќи на почетоците на неговата музичка кариера токму во „Морал“.
„Влатко….веќе осум години не е со нас, но секогаш е во срцата на луѓето кои го сакаат“, напишаа тие во објавата на Фејсбук.
Влатко Илиевски беше препознатлив како пејач на „Морал“, со кој ја започна својата музичка приказна, пред да изгради успешна соло-кариера. Иако поминаа осум години од неговото прерано заминување, неговиот глас, песните и спомените за него сè уште живеат меѓу неговите колеги, пријатели и верната публика.
Влатко Илиевски, милеикот на женската публикат и на децата прерано замина на 6 јули 2018 година, оставајќи зад себе богата музичка кариера и бројни хитови што и денес се слушаат. Тој беше омилениот водител на детскиот фестивал „Златно славејче“.

По повод годишнината од неговата смрт, се огласи и неговата блиска другарка Тамара Тодевска. Таа сподели две заеднички фотографии со Влатко ,една од нивните помлади денови и една од настап на сцена.
„8 години без мојот Влатче. Секогаш ќе ми фалиш“, сподели Тамара Тодевска.
Таа и Влатко Илиевски го снимија дуетот „Гушни ме“, песна за која Игор Џамбазов изјави дека ја напишал специјално за нив двајца.


