ФОТО | Ривалството меѓу Меси и Роналдо не важи за нивните партнерки — Антонела се пофали со подарокот од Георгина
Додека ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси продолжува, помалку познат факт е дека нивните партнерки се поддржуваат меѓусебно.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, Георгина Родригез неодамна го претстави својот нов бизнис потфат, а Антонела Рокузо ја поддржа. Родригез го претстави својот нов бренд за облека со седиште во Дубаи, за кој вели дека нуди прифатливи парчиња под 100 евра за жените ширум светот.
Интересно е што Георгина, промовирајќи го својот нов бренд, испрати подарок до Антонела Рокуцо. Пакетот вклучуваше парчиња од нејзиниот нов бренд за облека, а Антонела сподели фотографија од подарокот со пораки за поддршка на Инстаграм.
– Ти благодарам многу, Џорџина. Сè е прекрасно. Ти го посакувам целиот успех на светот – напиша Антонела.

Георгина го лансираше брендот „Мимоа“ на натпреварот помеѓу Португалија и Колумбија, каде што го бодреше својот иден сопруг облечен во спортска облека составена од хеланки и тесна маица со бројот 7 на Кристијано на грбот.
При лансирањето на брендот, самата објасни дека идејата се родила од претпоставката дека женското тело не е нешто што треба да се поправи, туку дека е живо, доволно и убаво.
ФОТО | Георгина Родригез ужива во Мајами пред натпреварот меѓу Португалија и Хрватска


