Неделен хороскоп од 6 до 12 јули — најсреќните знаци ќе бидат Лав, Водолија и Овен
Дознајте што ви предвидува неделниот хороскоп од 6 до 12 јули, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, дома и во семејството, дали ќе се согласувате со членовите на семејството и пријателите, како ќе ве служи здравјето…
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овен
Работа: За да го подобрите она што го работите, потребно е да бидете поотворени и повеќе да соработувате со другите. Ставот дека некој е незаменлив не е добар, особено ако така мислите за себе. Посветете повеќе внимание на сопствената самопроценка и сè ќе ви стане појасно, а со тоа и полесно.
Љубов: Ќе имате силна поддршка кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отвораат многу можности полесно од вообичаено, ќе добивате покани за интересни дружења и уште поинтересни места. Ако сте сами, прифатете ги поканите и излезете меѓу луѓе. Некој ве очекува.
Здравје: Практикувајте јога или медитација и одвојте време за опуштање.
Бик
Работа: Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост, додека други јасно ќе ви дадат до знаење дека не ве сакаат. Прифатете го и едното и другото смирено. Барем ќе знаете со кого имате работа. Придржувајте се до утврдените правила.
Љубов: Веројатно ќе се чувствувате осамено, освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние што се во врска ќе минуваат низ период на заситеност, во кој ќе бидат потребни трпение и присебност. Ова нема да трае долго, затоа едноставно поминете низ тој период.
Здравје: Ви треба прошетка на свеж воздух, добро одморете се и наспијте се.
Близнаци
Работа: Можеби ќе ви се чини дека сте под притисок од сите страни, но всушност станува збор за предизвици што треба да ги совладате за да постигнете подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во која треба да покажете борбен дух.
Љубов: Ако сè уште ја барате сродната душа, обрнете внимание на луѓето од вашето работно опкружување. Некој ви е наклонет и со нетрпение чека да го забележите. Ако сте во врска, вашиот однос ќе биде стабилен, а двајцата ќе бидете задоволни и спокојни.
Здравје: Можно е да бидете почувствителни на промени на температурата и климата.
Рак
Работа: Соработката со угледни и влијателни луѓе постепено ќе дојде во преден план. Ќе имате важна улога во целиот процес. Не бидете премногу скромни, туку дозволете си да ги покажете и своите амбиции. Препознајте ја својата позиција и можностите што ви се отвораат.
Љубов: Со трпение и толеранција ќе можете да го подобрите односот со саканата личност. Расправиите, особено оние поттикнати од љубомора, нема да донесат ништо добро. Време е за воздржаност и внимателност.
Здравје: Не претерувајте во ништо. Бидете физички активни.
Лав
Работа: Се наоѓате во период кога некои работи конечно треба да ги приведете кон крај. Оваа седмица е особено погодна за тоа. Ќе затворите едно поглавје и ќе започнете ново. Кај некои тоа ќе биде порадикална промена. Не брзајте – добро размислете пред да одлучите.
Љубов: Ведрината, позитивниот дух и смислата за хумор ќе бидат особено изразени во вашиот приватен живот. Не треба многу да се трудите – доволно е да бидете внимателни и да реагирате во вистинскиот момент. Работите ќе се одвиваат природно, а вие уживајте.
Здравје: Внимавајте на исхраната. Уживајте, но умерено.
Девица
Работа: Започнува период во кој вашето знаење ќе биде сè повеќе ценето. Бидете свесни за својата стручност и слободно покажете ги своите способности. Можно е сè повеќе луѓе да бараат совет од вас или да ви биде понудена високо специјализирана работа.
Љубов: Поголемиот дел од слободното време ќе го поминувате во едноставни активности, уживајќи во нечија наклонетост. Без големи гестови ќе умеете да ги цените малите нешта, а саканата личност ќе ви возвраќа со истата мера. Ќе бидете задоволни и без големи очекувања.
Здравје: Дајте си време да уживајте во животот и во природата.
Вага
Работа: Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа, додека останатите ќе бидат подготвени да им помогнат на другите. Некои ќе се покажат како добри советници и успешно ќе го применуваат своето знаење во пракса. Помалите недоразбирања во комуникацијата ќе бидат минливи.
Љубов: Вашите копнежи ќе бидат силни, а ќе се чувствувате како да сте препуштени сами на себе. Оние што имаат добар пријател ќе се обидат да ги споделат своите разочарувања со него. Луѓето во врска ќе чувствуваат извесна оддалеченост, а некои ќе бидат искушувани од љубомора.
Здравје: Можно е повремено да чувствувате нервоза и мали грижи.
Скорпија
Работа: Она што е завршено, оставете го зад себе. Не го анализирајте повеќе. Дозволете времето да си го направи своето, а вие насочете се кон новите почетоци. Пред вас е нешто сосема ново, сè уште недоволно дефинирано. Прифатете го со отворен ум.
Љубов: Веројатно ќе вложите многу во својот изглед, а ќе забележите и дека привлекувате внимание од спротивниот пол. Оние што се во врска ќе се обидат да внесат свежина во односот, додека слободните ќе уживаат во излегувања и флерт. Бидете отворени и ќе бидете успешни.
Здравје: Не ги поместувајте своите граници по секоја цена.
Стрелец
Работа: Пред вас се нови предизвици што бараат мудар и промислен пристап. Ќе биде потребна сè поголема соработка со колегите, а често и подготвеност за компромис. Не гледајте на тоа како на слабост – повеќе мислења носат подобри решенија.
Љубов: Ќе имате чувство дека немате сигурна потпора. Тоа е делумно точно, но размислете колку и самите придонесувате за таквата состојба. Партнерот ќе ви покаже како подобро да ги изразувате своите чувства. Прифатете ги советите што ги сметате за корисни.
Здравје: Секој ден одвојте малку време само за себе.
Јарец
Работа: Вашето знаење и стручност ќе стануваат сè поважни. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие поголема вредност. Оние што учат ќе бидат успешни на испити, а некои ќе воспостават контакти со странство.
Љубов: Ако сте во подолга врска, ќе почувствувате потреба за повеќе движење и дружење. Тоа не секогаш ќе ѝ одговара на саканата личност, па обидете се да ја вклучите во вашите активности или да ѝ ја објасните својата потреба. Слободните лесно ќе воспоставуваат контакти со лица од спротивниот пол.
Здравје: Бидете истрајни, како и секогаш – уморот ќе помине.
Водолија
Работа: Без страв ќе можете да се потпрете на своите досегашни резултати. Некои тоа ќе го искористат како поттик за понатамошен напредок, додека други ќе живеат од старата слава. Сепак, не опуштајте се – работата напредува, а со неа и вие.
Љубов: Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде и буквално, бидејќи саканата личност моментално ќе биде отсутна. Копнежот ќе се засили, а со него и чувството на осаменост. Некои ќе пронајдат утеха во својата имагинација и соништа.
Здравје: Обезбедете си повеќе време за квалитетен сон.
Риби
Работа: Работните обврски ќе се интензивираат, а сè што правите ќе добива претприемачки дух. Многумина ќе бидат поактивни или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. И оние што бараат работа ќе бидат особено активни.
Љубов: Ќе бидете силно насочени кон саканата личност и подготвени да се борите за вашата врска до крај. Оние што се во стабилна врска ќе внесат нова страст и ќе го обноват љубовниот живот. Слободните ќе бидат многу упорни во додворувањето и нема лесно да се откажуваат.
Здравје: Не ја занемарувајте потребата за одмор и квалитетен сон.


