Меган Маркл, принцот Хари и нивната ќерка, принцезата Лилибет / Фото: Инстаграм/Меган Маркл

Принцот Хари сeпак ќе пристигне сосема сам во Лондон, одби да ги донесе Меган и децата

Иако се шпекулираше дека седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет ќе ја посетат Велика Британија по долго време и можеби ќе се сретнат со нивниот дедо, кралот Чарлс, тие планови паднаа во вода. Додека принцот Хари пристигнува следната недела на низа хуманитарни настани, Меган Маркл и децата нема да му се придружат. Семејството во моментот е на одмор во Европа, а сè уште под знак прашалник дали таа ќе му се придружи на остатокот од патувањето надвор од Лондон.

Портпаролот на војводата од Сасекс потврди дека Арчи и Лилибет нема да пристигнат во Лондон со таткото. Иако кралот Чарлс наводно им понудил сместување на безбедниот кралски имот, тимот на Хари тврди дека осигурувањето не го покрива движењето надвор од строго обезбедуваниот имот.

„Прашањето е дали ќе ни биде обезбедена соодветна и пропорционална заштита во текот на целата посета“, рекол портпаролот на Хари.

За потсетување, Хари и Меган останаа без автоматската полициска заштита финансирана од даночните обврзници кога ги напуштија кралските должности во 2020 година и се преселија во Калифорнија. Барањето на Хари за враќање на осигурувањето судот го одби, а војводата беше исклучително јасен минатиот мај.

„Не гледам свет во кој би ги довел сопругата и децата во Велика Британија во овој момент“, рече тогаш Хари, додавајќи дека му е многу жал што не може да им ја покаже својата татковина на своите деца.

Поради целата ситуација, децата ја пропуштаат можноста да ја запознаат татковината на таткото. Арчи е роден во Британија во 2019 година, но Лилибет, која е родена во Америка, била во Велика Британија само еднаш, во текот на прославите по повод платинскиот јубилеј на покојната кралица Елизабета во 2022 година.

И покрај отсуството на неговото семејство, Хари продолжува со своите планирани должности. Во Велика Британија тој има бројни ангажмани, вклучувајќи го почетокот на одбројувањето до игрите Инвиктус во 2027 година, кои ќе се одржат во Бирмингем, како и јавни ангажмани за добротворните организации „ВелЧајлд“ и „Скотис литл солџерс“.

Одбиено барањето за полициска заштита — Хари и Меган може да го откажат доаѓањето во Велика Британија

ФОТО | „Нашиот еден и единствен“: Меган Маркл сподели редок семеен момент од принцот Хари со децата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот