ФОТО | Дејвид и Викторија Бекам ја одбележаа 27-годишнината од бракот со емотивни објави: Ти си сè уште моето сè
Дејвид и Викторија Бекам, важат за еден од најдолготрајните познати парови на светската сцена – тие на 4 јули ја одбележаа својата 27-годишнина од бракот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тие ја прославија својата врска, која трае речиси три децении, со емотивни објави на социјалните мрежи, потсетувајќи се на нивните заеднички моменти.
Двојката се запознала во 1996 година и честопати велеле дека било љубов на прв поглед, а се венчале три години подоцна.
Викторија објави нивна заедничка фотографија со порака до својот сопруг по повод годишнината.
– По 27 години брак, четири прекрасни деца и безброј координирани модни комбинации, ти си сè уште моето сè. Среќна годишнина! Те сакам толку многу – напиша таа.
View this post on Instagram
Дејвид сподели слична објава, кој, заедно со серија фотографии од различни фази од нивниот живот, ѝ напиша на својата сопруга: „Заедно сме 29 години, од кои 27 се во брак, а ти ми даде сè што можев да посакам. Нашето семејство секогаш ќе биде наша најголема гордост. Те сакам и среќна да ни е годишнината.“
View this post on Instagram
Иако Дејвид редовно ја нагласува важноста на семејството и заедништвото во своите објави, неговиот однос со неговиот најстар син Бруклин сè уште не е сосема стабилен.
Според американските медиуми, конфликтот во семејството трае од јануари, кога Бруклин јавно ги обвини своите родители на Инстаграм дека се обидуваат да му ја уништат врската со сопругата Никола Пелц. Оттогаш, се известува дека тензиите во семејството дополнително се зголемиле, а односите сè уште се затегнати.
Дејвид Бекам не се откажува од синот Бруклин: „Да се биде татко е мојата најважна работа“


