Силви Плевнеш: Ја родив ќерката на турнеја во Германија, а внуката Малика е неопислива љубов
Искрена приказна за ќерката која ја родила на турнеја во Германија и за внуката, раскажа Силвана Мучиќ – Плевнеш.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Познатата пејачка која заедно со својот сопруг Влатко Плевнеш го сочинува популарниот тандем „Силви бенд“, беше гостинка во емисијата „Фактор среќа“ на ТВ Алфа, која ја води Ирена Спировска.
Во опуштен и искрен разговор, Силви зборуваше за благословите во животот, и за најубавите моменти кои ја дефинирале како мајка на нејзината ќерка Деа Делина, но и како баба.
Таа пред камерите сподели длабока и емотивна приказна за нејзиното семејство, и како раѓањето на внуката Малика ја разбудило најубавата љубов во неа.
„Господ тоа го осмислил и… не сме ни свесни какви сè благослови тој ни дава. Еден од најубавите и волшебни моменти во мојот живот беше кога ја родив ќерката, во Германија, на турнеја. Му благодарам на Господа што не ме остави без ќерка.
Но, вториот исто така грандиозен момент којшто буквално го почувствував исто, само што не родив јас, е кога ми се роди внуката, малата Малика. И не можам да ви опишам каква среќа е тоа, каква радост и каква љубов.
Велат старите – ќе видиш колку се сака внуче, повеќе од од сопственото дете. Повеќе… не повеќе, но но оваа љубов е, знаете вие веќе имате искуство позади себе. Веќе сте биле родител, сте ги научиле грешките, сте ги осознале во меѓувреме сите можни грешки и убави работи што сте ги направиле со своето дете.
Имате втора шанса некако. Но, радоста и тоа врзување со внучето, среќата на вашето дете во очите и и… таа генетика, сето тоа. Значи во неа јас се гледам и себеси, ја гледам и мојата мајка, ги гледам нашите гени… Не можам да ви опишам. Тоа е најголемата среќа од сите.“
Силви во ова интервју покажа дека покрај успешната повеќедецениска музичка кариера, нејзиниот најголем „фактор за среќа“ е токму нејзиното семејство.


