Поранешниот фудбалски селектор на Јужна Кореја ја напушти земјата по смртните закани
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, повеќе не можел да го издржи огромниот притисок во својата земја и решил тајно да ја напушти. Со капа спуштена до очите и заштитна маска на лицето, тој сакал да не биде препознаен на аеродромот во Сеул додека се качувал на лет за Соединетите Американски Држави.
Препорачано
Корејска телевизија го снимила Хонг на аеродромот.
Поранешниот селектор стана исклучително непопуларен во Јужна Кореја, а по елиминацијата на репрезентацијата уште во групната фаза на Светското првенство беше остро критикуван дури и од претседателот Ли Џе-мјунг.
„Кога лојалноста и фаворизирањето се поважни од способноста, а неспособни луѓе се поставуваат на раководни позиции, исходот е практично неизбежен“, изјави претседателот, алудирајќи на работата на селекторот.
Иако веќе поднесе оставка, Хонг сè уште продолжил да добива смртни закани. Поради тоа, решил привремено да ја напушти Јужна Кореја.
Former South Korean football coach Hong Myung-bo has reportedly “fled” to America after the team’s World Cup exit
President Lee Jae-myung has called for an investigation into how he was hired pic.twitter.com/MtQ6HfgxKZ
— Dexerto (@Dexerto) July 3, 2026
Враќањето на јужнокорејската репрезентација по Светското првенство беше проследено со исклучително непријателска атмосфера. Хонг Мјунг-бо морал да биде придружуван од обезбедување, а во одредени места во земјата неговото присуство дури било непожелно.
И покрај бројните критики за начинот на кој ја водел репрезентацијата, управувањето со соблекувалната и тактичките одлуки, Хонг не даде никаква јавна изјава, иако не ја исклучил можноста тоа да го направи во иднина.
Ги остави неодговорени сите прашања
Хонг не само што не им се извинил на навивачите за лошиот настап на Светското првенство, туку ја напуштил земјата без да одговори на бројните шпекулации што се појавија по елиминацијата.
Во јавноста со денови кружат гласини за нарушени односи во репрезентацијата, како и за наводен конфликт меѓу капитенот Сон Хеунг-мин и поранешниот селектор. Според локалните медиуми, Хонг се упатил кон неговото семејство што живее во Лос Анџелес, а на своите блиски им порачал дека засега нема намера да се враќа во Јужна Кореја.
ВИДЕО | Аргентина е во осминафинале, но храбрите момци од Зеленортски Острови ги освоија симпатиите


