Фото: Фејсбук

Мицкоски вели дека Димитар Димовски нема да биде секретар за добро владеење

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одрече дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет.

Димовски во Кабинетот на премиерот е на позицијата секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на програмата на Владата.

„Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице“, рече Мицкоски.

Во однос на Димитар Димовски, кој важи за човек од доверба на премиерот, Мицкоски посочи дека својот став за него веќе го кажувал во минатото и не сака повторно да го коментира.

„Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам“, изјави Мицкоски.

 

Димовски беше условно осуден за случајот познат како „Топлик“, за продажбата на државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, а беше обвинет и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“. За овој случај доби ослободителна пресуда од Кривичниот суд.

 

Првостепено условно осуден, човек од доверба на Мицкоски, ќе биде одговорен за добро владеење?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот