Фото: илустрација

Две деца избодени со нож од врсници во Шуто Оризари, петнаесетгодишник нападнат во Драчево

Од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ – Скопје вчера било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 12-годишник од Скопје, а повредите му ги нанел друг малолетник, на подрачјето на Шуто Оризари.

„Во врска со истиот случај, на 03.07.2026 во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(36) од Скопје пријави дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет“, информира МВР.

Деветнаесетгодишник од Скопје пријавил дека во четвртокот вечерта на подрачјето на Бит Пазар, додека бил со неговиот брат и со другар со цел да се видат со некого, дошол А.Б. со уште едно лице и им упатувал закани. По добиената пријава, А.Б. се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода, по што признал дека упатувал закани кон момчињата.

Скопјанец пријавил дека кај место викано „Врапче“ во Драчево, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од Н.Д.(41) од село Батинци, скопско.

 

Матурантка од Свети Николе кривично ќе одговара, ѝ се заканувала со нож на мајка си

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот