архивско фото: МИА

Струмичанка со возило излетала од патот кај Пробиштип

Жена од Струмичко е тешко повредена откако со патничко возило излетала од патот.

„Вчера попладне во 16 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат с. Крупиште – Пробиштип кон клучка со експресниот пат Штип – Кочани патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки управувано од 43-годишната К.П. од село Ангелци, општина Василево изгубило контрола и излетало од патот“, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 43-годишната жена, која е хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.

Гостиварец со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја натепал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот