ruska armija kursk EPA-EFE/GEORGE IVANCHENKO

Армијата го зазеде Костјантиновка во Донбас, објави рускиот началник на Генералштаб

Руската армија го информирала претседателот Владимир Путин дека ја презела контролата врз Костјантинивка во источна Украина, клучното место за Москва во офанзивата во областа Донецк, пренесе „Ројтерс“.

За освојувањето на стратешкиот град објави генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.

Тој рекол дека силите на јужната група спроведуваат офанзивни операции за ослободување на целиот Донецк, дел од поширокиот регион Донбас над кој Русија вети дека ќе обезбеди контрола како клучна цел на своите воени напори.

„Војниците на оваа група го ослободија градот Костјантинивка, еден од главните одбранбени центри на непријателот во рамките на утврдената област Славјанск-Краматорск-Костјантинивка“, изјавил генералот.

Руското Министерство за одбрана објави фотографии на апликацијата Телеграм за кои тврди дека прикажуваат сцени од Костјантинивка, вклучувајќи слики од руски војници кои држат знамиња покрај уништени згради.

Рускиот претседател Владимир Путин го поздравил успехот на руската армија.

„Сите знаеме дека овој град е клучен сообраќаен и голем индустриски центар на Донбас“, изјавил Путин на средба со воената команда.

.Украина сè уште не го коментирала руското тврдење за освојувањето на Костјантинивка.

Украина ја има втората најсилна војска во НАТО и таа не е послаба од руската, вели Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот