Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе обезбедат 140 милијарди евра воена помош за Украина, изјавиле денеска извори за германската новинска агенција ДПА, пренесува Европска правда.

Претставниците на 32-те земји членки ја поддржале иницијативата на состанок во Брисел. Според планот, НАТО за вооружување и обука на украинските војници ќе издвојува по 70 милијарди евра годишно во следните две години, односно вкупно 140 милијарди евра.

Во оваа сума, сепак, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина во износ од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Тоа значи дека сојузниците ќе мора да обезбедат по 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, јави ДПА.

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Најголемиот дел од средствата ќе го обезбедат европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина за време на претседателот Доналд Трамп.

Германија претходно објави дека во 2026 година планира да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци НАТО му помагаше на Киев преку програмата наречена „Листа на приоритетни потреби за Украина“, позната под кратенката ПУРЛ. Програмата функционира така што САД им продаваат оружје и муниција на европските сојузници и на Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина.

Украина ја има втората најсилна војска во НАТО и таа не е послаба од руската, вели Зеленски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот