Фото: Ivan Federov / Telegram

ФОТО | Русија со авионски бомби го нападна Запорожје — двајца загинаа, 17 се повредени

Најмалку двајца загинаа, а 17 се повредени откако руските вооружени сили извршија серија напади врз Запорожје во Јужна Украина, пренесува Киев пост.

Според Иван Федоров, шеф на Запорошката регионална воена администрација, Русите употребиле наведувани авионски бомби за да погодат локални претпријатија и друга цивилна инфраструктура. Тој потврди дека гранатирањето на повеќе локации низ Запорожје повредило 17 луѓе, меѓу кои и 11-годишно дете.

Најстариот повреден има 76 години, додека две лица се во тешка состојба и на сите им е укажана медицинска помош.

„Руските наведувани бомби погодија едно од индустриските претпријатија. Објектите се оштетени“, изјави Федоров, додавајќи дека „бројот на повредени во руските напади врз Запорожје продолжува да расте“.

Според него „непријателот уште еднаш покажа дека негови цели се цивилите“.

Воедно, рече дека повредените се здобиле со рани од шрапнели. На сите им е укажана медицинска помош.

Шема на руските напади

На 1 јули, руските сили го нападнаа Запорожје со седум наведувани авионски бомби, погодувајќи цивилни области како дел од поширок ноќен напад со дронови, чија цел беше и Днепропетровскиот регион. Во двата региона тогаш загинаа најмалку тројца луѓе.

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека за време на тој напад пресретнала 130 од вкупно 151 дрон, како и една ракета Х-59.

Во руски напад во близина на Синелникове, во Днепропетровскиот регион, во четвртокот загина седумгодишно дете, а уште две деца беа повредени. Во одделни напади врз Никопол и Олександривка загинаа уште Двајца.

Овие напади се случија само два дена по смртоносниот руски напад врз Киев, во кој загинаа најмалку 30 луѓе, а 91 беа повредени.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди масовниот руски ракетен и напад со дронови врз украинската престолнина, предупредувајќи дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура го прекршуваат меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да престанат.

Украина возврати врз руските бази на Крим со дронови

Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска ги нападна руските воени воздухопловни бази Саки и Гвардејск во окупираниот Крим со беспилотни летала. Според СБУ, најмалку седум руски авиони биле оштетени или уништени, а биле погодени хангари за складирање на беспилотни летала. Ова е втор напад врз базата Саки оваа недела и е дел од поширока кампања на Киев насочена кон ослабување на руската воена инфраструктура длабоко во позадина, пишува Киев пост.

Во соопштение објавено во петокот на Телеграм, СБУ соопшти дека операцијата е спроведена како дел од 40-дневна кампања одобрена од претседателот Володимир Зеленски за зголемување на притисокот врз Русија.

Зеленски претходно изјави дека кампањата била дизајнирана да го продолжи тековниот притисок врз руската воена инфраструктура, вклучувајќи цели на окупираните територии и длабоко во Русија. Тој додаде дека Украина ќе продолжи да ги проширува ваквите операции.

ВИДЕО | Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот