Фото: Фејсбук / Секојдневието во Штип / скриншот

ВИДЕО | Три големи пожари беснеат во Штип и околината — изгоре куќа, луѓе бегаат, работници се евакуирани

Три големи пожари денеска беснеат во Штип и околината, а со интервенција на авионите „ер трактор“ е спречено огнот да зафати куќи во градот. Попладнево избувна и голем пожар кај штипската млекарница, а евакуирани се работници од фабриката „Албатрос“, соопштија надлежните.

ФБ-страницата „Секојдневнието во Штип“ објави снимка на која се гледа голема група од повеќе десетици луѓе кои бегаат со маски на лицата, додека околу во облак од густ чад.

„Пеколен ден за Штипјани – во моментот гори и кај Штипска млекара, евакуирани се вработените во Албатрос“, пишува во објавата.

Веста ја потврди и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, овој пожар е речиси изгаснат.

Три авиони „ер трактор“ попладнево го гаснат големиот пожар во Пробиштипско, каде една куќа изгоре.

– Пожарот во Пробиштипско е почнат меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Во Бучиште пожарот е локализиран. Една куќа е изгорена. Но, еден дел од пожарот се префрла накај селото Ратавица, информира Ангелов.

ЦУК соопшти дека пожарите во источна Македонија се единствените забележани на отворено денеска во државата.

„Во Пробиштипско кај селото Неокази гори ниска вегетација, кај Исар во Штип и во село Новоселани, во општина Чешиново-Облешево, исто така, гори ниска вегетација“, соопшти ЦУК.

Тројца злонамерници запалиле багер на отпадот во Визбегово, спречен е нов голем пожар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот