Foto: Drago Sopta/HNS

Познато колку заработи Хрватска од настапот на Мундијалот

Иако Хрватска го заврши настапот на Светското првенство со пораз од Португалија (2:1) во осминафиналето, „Коцкестите“ дома не се враќаат со празни раце. Освен спортскиот успех со пласманот во нокаут-фазата, репрезентацијата ќе донесе и значителна финансиска добивка за Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС).

ФИФА за Светското првенство обезбеди награден фонд од 871 милион долари, а дел од тие средства ќе завршат и на сметката на хрватската федерација.

Мундо Депортиво за натпреварот Португалија-Хрватска: Дали ова е најголемата кражба на Мундијалот?

Самото обезбедување место на завршниот турнир на Хрватска ѝ донесе 12,5 милиони долари, од кои 2,5 милиони биле наменети за подготовките пред шампионатот.

Со пласманот во осминафиналето, Хрватска заработи дополнителни 11 милиони долари, што е наградата што ФИФА ја доделува на сите селекции кои ќе стигнат до оваа фаза од натпреварувањето.

Така, вкупната заработка на ХНС од настапот на Светското првенство изнесува 23,5 милиони долари.

Далиќ сè уште молчи дали ќе остане на клупата на Хрватска, а земја од Блискиот Исток тврди дека веќе е позната неговата следна дестинација

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на Хрватскиот фудбалски сојуз, по што дел од нив ќе бидат распределени меѓу репрезентативците и стручниот штаб, додека остатокот ќе биде насочен кон развојот на фудбалската инфраструктура, младинските категории и идните проекти на федерацијата.

Иако елиминацијата од Португалија претставува големо разочарување за хрватските навивачи, финансискиот ефект од настапот на Мундијалот ќе биде значаен поттик за националниот фудбал во периодот што следува.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Хрватска и ВАР приредија спектакл, Aвстрија не беше закана за „црвената фурија“

Ибрахимовиќ: Судиите прават сè за Роналдо да го освои Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот