Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Далиќ сè уште молчи дали ќе остане на клупата на Хрватска, а земја од Блискиот Исток тврди дека веќе е позната неговата следна дестинација

По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство, иднината на селекторот Златко Далиќ останува неизвесна. Иако јавноста очекува брз одговор дали ќе остане на клупата на „коцкестите“, искусниот стратег порача дека конечната одлука ќе ја донесе по дополнителни разговори.

По поразот од Португалија, Далиќ беше резервиран кога беше запрашан за своите планови.

„Што следува по Светското првенство? Немам коментар, за тоа ќе разговараме подоцна“, изјави хрватскиот селектор.

Во меѓувреме, медиумите пренесуваат дека интересот за Далиќ од Блискиот Исток е сериозен. Според информациите на хрватскиот портал Германијак, во Обединетите Арапски Емирати владее голем оптимизам дека токму Далиќ ќе биде нивниот следен селектор.

Ибрахимовиќ: Судиите прават сè за Роналдо да го освои Светското првенство

Иако засега нема официјална потврда за постигнат договор, истиот извор наведува дека покрај понудата од Емиратите, интерес за хрватскиот стратег постои и од Саудиска Арабија и Катар.

Далиќ е најуспешниот селектор во историјата на хрватската репрезентација по генерацијата од 1998 година, па не е изненадување што неговото име се поврзува со богати фудбалски проекти од Блискиот Исток. Сепак, конечната одлука останува во негови раце – дали ќе започне нов предизвик во странство или ќе остане да ја води новата генерација на Хрватска.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Хрватска и ВАР приредија спектакл, Aвстрија не беше закана за „црвената фурија“

Според Германијак, можно е во евентуалниот проект во Обединетите Арапски Емирати да бидат вклучени уште две познати хрватски имиња. Игор Бишќан се споменува како кандидат за работа со младинските или олимписките селекции, додека Бранко Иванковиќ би можел да добие улога на фудбалски координатор или советник.

Сепак, сите сценарија зависат од одлуката на Далиќ. Дури откако ќе биде познато дали останува на клупата на „коцкестите“ или ќе ја заврши својата ера по Светското првенство, ќе стане јасно дали преселбата во Обединетите Арапски Емирати ќе стане реалност или ќе остане само една од опциите за неговата иднина.

ВИДЕО | Хрватска немаше среќа, Португалија преку драма до осминафинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот