Фото: EPA/BOB FRID

Ријад Марез ја заврши репрезентативната кариера

Еден од најдобрите фудбалери на Алжир, Ријад Марез (35), објави крај на репрезентативната кариера откако неговата селекција беше елиминирана од Швајцарија во 1/16 финалето на Светското првенство.

По 12 години, 119 натпревари, 40 гола и 45 асистенции, Марез ја завршува својата богата репрезентативна кариера.

Беше еден од најважните играчи на алжирската репрезентација во освојувањето на Африканскиот куп на нации во 2019 година.

Тој беше најдобар стрелец на националниот тим со три гола, вклучувајќи го и голот во петтата минута од судиското продолжение во полуфиналето за победа од 2:1 над Нигерија.

Го доби и признанието за најдобар африкански играч во 2016 година и најдобар играч во Премиер лигата во истата година по епската титула со Лестер. Тој ја зголеми својата колекција на трофеи во Манчестер сити со четири титули, два ФА купа, три Лига купа, Комјунити Шилд и, и еднаш ја освои Лигата на шампионите во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот