Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Кошаркарите на 27 август ќе ја почнат втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029

Со победата над Ирска во петтото коло од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029, машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја исполни првата задача во квалификацискиот циклус. Нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата „А“ и со тоа пласман во втората рунда од претквалификациите.

Иако до крајот на оваа фаза останува уште гостувањето кај Луксембург, на 5 јули, Македонија веќе не може да биде симната од лидерската позиција во групата.

Во втората рунда, која започнува на 27 август, ќе настапат вкупно 12 репрезентации. Покрај четирите најдобро пласирани селекции од првата рунда на претквалификациите, место ќе обезбедат и осумте национални тимови кои нема да ја минат првата фаза од квалификациите за Светскиот куп 2027.

Дванаесетте репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по три селекции. Натпреварите ќе се играат во периодот од август 2026 до февруари 2027 година, во три ФИБА квалификациски „прозорци“, според системот „секој со секого“, при што секоја селекција ќе одигра по четири натпревари.

Само првопласираните репрезентации од четирите групи ќе обезбедат директен пласман во квалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

ФИБА предвидува и дополнителна можност за репрезентациите кои нема да успеат да го направат тој чекор. Во третата рунда од претквалификациите ќе настапат осумте селекции кои нема да ја минат втората фаза, заедно со шестте најслабо пласирани репрезентации од првата рунда на претквалификациите.

Тие ќе бидат распределени во четири групи – две со по четири и две со по три репрезентации. Натпреварите ќе се играат во јули и август 2027 година, во рамките на еден ФИБА „прозорец“, а победниците на групите ќе ги комплетираат учесниците во квалификациите за Евробаскет 2029.

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот