Матановиќ: Мислам дека ја допрев топката со косата
Хрватската фудбалска репрезентација доживеа болна елиминација од Португалија во шеснаесетфиналето, а најконтроверзниот момент од натпреварот остана поништениот гол во судиското продолжение, кој можеше да донесе израмнување и продолженија.
Препорачано
Главна фигура во ситуацијата беше Игор Матановиќ, чиј минимален контакт со топката — регистриран дури и со помош на сензори во официјалната „Трионда“ топка — доведе до поништување на погодокот поради офсајд позиција во претходната фаза од акцијата.
По натпреварот, Матановиќ за медиумите во Торонто објасни дека и самиот не бил сигурен што точно се случило во клучниот момент.
„Офсајд на крајот? Искрено, мислам дека почувствував мал контакт со косата. Го прашав судијата, не бев 100 проценти сигурен дека ја допрев топката. Ми рече дека имало отчукување во топката, дека имало мал контакт и дека тоа било офсајд“, изјави тој.
Напаѓачот не го криеше разочарувањето од начинот на кој Хрватска испадна од турнирот, нагласувајќи дека тимот заслужил повеќе по силното второ полувреме.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови. Одигравме многу добро второ полувреме и заслуживме повеќе… ова ќе боли“, додаде Матановиќ, истакнувајќи дека тимот мора да продолжи понатаму кон новите предизвици.
Хрватска го заврши настапот по натпревар исполнет со пресврти, ВАР-интервенции и неколку поништени погодоци, но за „коцкестите“ остана горчливото чувство дека елиминацијата дојде на најдраматичен можен начин.
ВИДЕО | Хрватска немаше среќа, Португалија преку драма до осминафинале


