Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво
Со максимални пет победи од исто толку натпревари, најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија го завери првото место во групата „А“ и обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Препорачано
По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена.
– Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус. Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата цел – изјави Јакимовски.
Јакимовски беше нашиот прв стрелец во победата над Ирците со 19 поени за 30:33 минути игра на паркетот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Последниот предизвик за македонската репрезентација во овој квалификациски циклус е гостувањето кај Луксембург на 5 јули, каде избраниците на селекторот ќе имаат можност со нова победа да го заокружат настапот со максимален ефект и дополнително да ја потврдат својата доминација во групата.


