Мундо Депортиво за натпреварот Португалија-Хрватска: Дали ова е најголемата кражба на Мундијалот?
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ остро ја критикуваше контроверзната судиска одлука на натпреварот меѓу Португалија и Хрватска, на кој во судиското продолжение беше поништен голот на Јошко Гвардиол за 2:2.
Препорачано
Во текст со провокативен наслов „Дали е ова најголемата кражба на Светското првенство?“, угледниот шпански медиум оценува дека натпреварот завршил со „најголемата контроверзност на турнирот“ и дека елиминацијата на Хрватска ќе остане тема на дебата уште долго време.
Според „Мундо Депортиво“, Хрватска верувала дека изборила продолженија кога Гвардиол ја затресе мрежата во 103. минута по нафрлување во шеснаесетникот. Иако погодокот првично беше признат, по долга ВАР-проверка судијата Еспен Ескас го поништи поради наводен офсајд, откако беше проценето дека Игор Матановиќ ја допрел топката во воздушен дуел, со што Марио Пашалиќ се нашол во недозволена позиција.
Токму овој момент шпанскиот весник го посочува како најспорен.
„Мундо Депортиво“ наведува дека достапните снимки не покажуваат јасно дали Матановиќ воопшто имал контакт со топката, поради што смета дека немало доволно докази за поништување на голот.
„Хрватска е елиминирана“, пишува шпанскиот медиум, додавајќи дека оваа одлука практично ја спаси Португалија и Кристијано Роналдо, кои со тоа обезбедија пласман во следната фаза, каде што ги очекува дуел со Шпанија.
Контроверзната ВАР-интервенција предизвика реакции низ цела Европа, а поранешни фудбалери и аналитичари веќе ја оценија како една од најспорните судиски одлуки на годинашното Светско првенство. Хрватска, пак, го заврши настапот на турнирот во меч кој, според многумина, ќе остане запаметен повеќе по судиската одлука отколку по самиот резултат.
Ибрахимовиќ: Судиите прават сè за Роналдо да го освои Светското првенство


