Фото: Nogometni Savez BiH

Натпреварот меѓу САД и БиХ урна рекорд на Светското првенство

Натпреварот од Светското првенство помеѓу репрезентациите на САД и Босна и Херцеговина беше најгледаниот пренос на фудбалски натпревар на англиски јазик во историјата на САД, со повеќе од 24,4 милиони гледачи, објави денес „Фокс Спортс“, достигнувајќи врв од 31,88 милиони кон крајот на емитувањето.

Тимот на САД ја победи Босна и Херцеговина со 2:0 во Санта Клара, Калифорнија, и се пласираше во осминафиналето, што е прва победа на Американците во нокаут фазата од 2002 година.

Натпреварот го надмина финалето на Светското првенство за жени во 2015 година, кога 22,3 милиони гледачи го гледаа натпреварот на телевизија на англиски јазик.

За споредба, најгледаниот Супербол на сите времиња беше во 2025 година, кога просекот на натпреварот помеѓу Филаделфија Иглс и Канзас Сити Чифс беше 127,7 милиони гледачи. Врвната просечна гледаност потоа достигна 137,7 милиони гледачи.

Најгледан натпревар во САД на ова Светско првенство досега, сметајќи ја вкупната гледаност на сите канали, беше натпреварот помеѓу Мексико и Еквадор со вкупно 29,3 милиони гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот