Фото/ EPA/MIGUEL A. LOPES

Роналдо го облече дресот на Жота по победата на Португалија против Хрватска

Кога Португалија излезе на теренот во Торонто за натпреварот од шеснаесеттинафиналето на Светското првенство против Хрватска, мислите на португалските фудбалери беа насочени кон Диого Жота.

Во моментот на почетокот на натпреварот, во Португалија веќе беше 3 јули, датум што ја одбележува првата годишнина од трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Двајцата загинаа во сообраќајна несреќа во северна Шпанија, кога возилото управувано од Жота излетало од патот. Жота имаше само 28 години.

Португалија ја совлада Хрватска со 2-1 во еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство, а по победата фудбалерите се фотографираа со дресот со број 21 на Жота.

Суперѕвездата Кристијано Роналдо исто така го облече дресот на Жота по крајот на натпреварот.

„Имаме многу причини да победиме, но постои и овој дополнителен мотив, овој посебен ден. Имаме огромна мотивација – за нашите семејства, за Диого Жота, за целата земја, за цела Португалија“, изјави Витиња пред почетокот на натпреварот, пренесе „Ројтерс“.

Жота одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 голови. Тој беше важен дел од националниот тим, со кој ги освои титулите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година, при што последниот трофеј дојде само неколку недели пред неговата смрт. Единствено не настапи на Светското првенство во 2022 година поради повреда.

Во изминатата година му беа оддадени бројни почести во неговиот клуб Ливерпул, како и низ целиот фудбалски свет. Португалскиот премиер Луиш Монтенегро на репрезентативците им подари нараквици со името на Жота, а селекторот Роберто Мартинез го прогласи за почесен член на репрезентацијата за Светското првенство.

Пред првиот натпревар на Португалија против ДР Конго во Хјустон беше организирана специјална церемонија во чест на Жота и Андре Силва, на која присуствуваа и нивните родители, Изабел и Жоаким Силва.

Додека Португалија ја продолжува својата борба во нокаут-фазата на Светското првенство, споменот на Диого Жота останува жив преку неговите соиграчи.

„Мислам дека треба да му оддадеме чест на Диого Жота. Сè што започнавме со оваа генерација започна со него. Со него ја освоивме Лигата на нации. Тој е симболот и светлината на нашата најголема мотивација. Сакаме да го освоиме Светското првенство за него“, изјави селекторот Роберто Мартинез.

Зеленортските Острови бркаат сензација против светскиот шампион Аргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот