Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Двејн Вашингтон го замени Партизан со Баерн Минхен

Она што подолго време се најавуваше, сега доби и официјална потврда – Двејн Вашингтон е нов кошаркар на Баерн Минхен. Германскиот шампион објави дека американскиот бек ставил потпис на двегодишен договор.

Вашингтон го напушти Партизан веднаш по завршувањето на сезоната. По поразот од Дубаи во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата, тој откри дека тоа бил негов последен настап во црно-белиот дрес, а кратко потоа започнаа преговорите со Баерн, кои сега успешно завршија.

По потпишувањето на договорот, 26-годишниот кошаркар не го криеше задоволството што кариерата ќе ја продолжи во Минхен.

„Сè се случува со причина. Роден сум во Германија и сега, на 26 години, ќе играм таму. Возбуден сум поради атмосферата што ме очекува во Баерн. Ова е нов почеток и за мене и за тимот со новиот тренер. Сакам да покажам дека можам да бидам лидер и сите да видат колку ја сакам кошарката. Целта ми е да победуваме и да освоиме што е можно повеќе трофеи“, изјави Вашингтон.

Американецот зад себе има одлична сезона во Евролигата, каде просечно постигнуваше 14,9 поени по натпревар, со 51 процент реализација за два поени и 38 проценти шут за три.

Вашингтон откри и дека веќе се подготвува за новата авантура во Минхен.

„Веќе нарачав топки со кои се игра во германската лига и Евролигата, а одамна купив и дресови на Баерн кои едвај чекам да ги носам. Разговарав и со Енди Обст и верувам дека ќе бидеме тандем што ќе им создава многу проблеми на противниците“, додаде новото засилување на Баерн.

Пред да пристигне во Партизан, Вашингтон настапуваше во НБА за Индијана Пејсерс, Феникс Санс и Њујорк Никс, а колеџ-кошарката ја играше на Универзитетот Охајо Стејт.

Шариќ се врати во Анадолу Ефес

Шариќ се врати во Анадолу Ефес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот