По 11 дена, МВР ја напиша кривичната за хоророт во Ченто — седум убоди со нож за МВР е „насилство врз дете“ а не „обид за убиство“

Единаесет дена откако во Ченто 14-годишник беше избоден 7 пати со нож, а мајка му тврди дека бил удрен по главата и со калашников, СВР Скопје, единицата за насилен криминал, до скопското обвинителство поднесе кривична пријава за тројца осомничени – Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје. Кривичната пријава, баш како што тврдеше мајката на избоденото момче за „Слободен печат“ Џељана Селими, не е за „обид за убиство“ туку за „насилство врз дете по член 201-а од Кривичниот законик.

Вака квалификувано, ова кривично дело носи казна затвор од 6 месеци до 3 години за сторителите, а може и парична казна.

Обидот за убиство пак носи минимум 5 години затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SLOBODEN PECAT (@slobodenpecat)

Кривичната пријава е поради сомнение дека пред 11 дена, на 22 јуни, околу полноќ на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди. Полицајци го пронашле ножот со кој е извршено кривичното дело кој е предаден на вештачење.

МВР додаде дека трите лица се лишени од слобода, но со оглед на тоа што лишувањето од слобода може да трае само 48 часа, нема податоци дали лицата се обезбедени, дали се во Македонија, а за нив нема ниту мерки на претпазливост засега.

Обвинителството не мора да ја прифати квалификацијата на кривичното дело како „насилство врз дете“ и затоа ОЈО веќе побара медицинска документација од Клинички центар за 14-годишникот за да се види какви му биле повредите.

Јавноста се вознемири кога видео материјал после прободувањето со нож беше објавено на социјалните мрежи. На него се гледа 14-годишникот избоден со нож, крвав во пределот на грбот и надолу, неподвижен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот