д-р Славица Арсова/фото:Слободен печат
д-р Славица Арсова/фото:Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Арсова: Дете жртва на врсничко насилство може да се врати неколку чекори назад во развојот

Совети од д-р Арсова за тоа како родителите да препознаат дека нивното дете е насилник и колку е важно да не го негираат тоа. 

Девојче бездушно малтретирано од група врсници во Аеродром, брутално избоден тинејџер во Ченто, страотно врсничко насилство и во Ѓорче, а неодамна и во Штип… македонските училишта и улиците станаа поприште на алармантен бран врсничко насилство.

Кои се причините за оваа ескалација? Каде потфрли системот и што треба да променат родителите за да ги заштитат своите деца? Стручни совети бараме од директорката на Универзитетската клиника за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова Хаџи Анѓелковска.

Не постои унифициран модел на дете жртва на насилство, вели д-р Арсова во интервју за „Слободен печат“ и додава дека ова важи и за насилните деца.

– Многу ретко едно дете отворено да каже дека е жртва на насилство, но децата тоа го покажуваат преку своето однесување.
Од едно радосно среќно дете ќе стане раздразливо, плачливо, нервозно, или пак ќе се повлече, ќе стане молчаливо, нема да сака да оди на училиште и да си игра со другарчињата. Понекогаш тоа е видиливо и преку академскиот пад , ако се работи за дете коешто претјходно учело или, пак преку прекумерно јадење или одбивање да јаде. Не ретко овие деца знаат да се пожалат и на одредени телесни болки, вели д-р Арсова.

Таа додава дека овие деца може да одат неколку чекори наназад во развојот.

– Насилството врз едно дете може сериозно да влијае на неговиот развој, односно да го узанади и во неговите бихевиорални промени. Може повторна да почне да оди во нужда во гаќи, да му се одрази на различни начини во неговиот личен напредок – вели таа.

Таа дава совети за тоа како родителите да препознаат дека нивното дете е насилник и колку е важно да не го негираат тоа.

Со Арсова зборуваме и за тоа како да постапат родителите и наставниците доколку препознаат дете жртва на насислтво или дете насилник.  Ја отворивме и темата како да се превенира појава на врсничко насилство во иднина.

Арсова раскажува и за еволуцијата на врсничкото насислтво низ годините и дали во минатото постоело булинг. Го отвораме и едно од најважните прашања, како да го охрабриме детето-жртва да пријави наслство.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | На 20 и 21 јуни ќе се одржи четвртото издание на 3х3-турнирот „Слем џем“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот