Фото: EPA/NEIL HALL

ВИДЕО | Ѓоковиќ е во осминафиналето на Вимлбдон, го стигна рекордот на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако денеска го победи Французинот Артур Риндеркнеш со 7:5, 6:4, 1:6, 7:6 (4) во четири сета. Ѓоковиќ го израмни и рекордот на Рожер Федерер од Швајцарија, со својата 105 победа во сингл на грен слем турнирот во Лондон.

Ѓоковиќ, осмиот рангиран во светот, го победи 28 рангиран играч на АТП листата по три часа и 15 минути игра.

Србинот направи одлучувачки брејк во 11 гем од првиот сет, а потоа ја искористи првата сет-топка со сигурен сервис во следниот гем.

Во третиот гем од вториот сет, Ѓоковиќ направи брејк на сервисот на Французинот и ја задржа предноста достигнувајќи водство од два сета.

Во третиот сет, Риндеркнеш играше многу подобро и ја намали разликата во сетови со брејкови во вториот и четвртиот гем.

Во четвртиот сет немаше брејкови, а победникот беше решен во тај-брејк, во кој Ѓоковиќ славеше со 7:4 со мини-брејкови во 10 и 11 поен и обезбеди пласман во осминафиналето, а таму ќе игра против Русинот Роман Сафиулин.

Вимблдон 2026

Сафиулин – Фонсека 6:3, 6:3, 6:3
Ходар – Мочизуки 6:1, 6:7 (5), 4:6, 4:6
Штруф – Медведев 7:6 (4), 7:6 (5), 7:5
Синер – Бруксби 6:4, 6:3, 6:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот