Фото: РФМ

Божиновски и Начевски ќе судат на Европското првенство во ракомет за жени

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги номинираше судиските двојки за претстојното Европско првенство во ракомет во женска сениорска конкуренција што ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција (3-20 декември 2026 година).

Моментно се номинирани 16 двојки за завршниот турнир. На пат кон женското ЕП 2026, тие ќе се соберат во Виена, Австрија, на подготвителен семинар од 11 до 13 септември.

Тековниот список се состои од 16 парови, иако се предвидува номинирани 18 за континенталниот собир, па два уште две двојки ќе бидат номинирани подоцна.

На ЕП судиска правда ќе дели и македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Покрај нашите судии, потсетување дека на Европското првенство ќе настапи и најдобрата македонска женска ракометна репрезентација.

Нашите ракометарки ќе ги играат натпреварите (група Б) од прелиминарната рунда во Клуж-Напока против домаќинот Романија, Швајцарија и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот