Јирген Клоп е подготвен да стане нов селектор на Германија
Откако официјално Јулијан Нагелсман ја напушти селекторската клупа, од Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) потврдија дека Јирген Клоп веќе ја искажа својата општа подготвеност да биде нов селектор на најдобрата германска фудбалска репрезентација.
Препорачано
59-годишниот Клоп, моментно коментатор за германска телевизија на Светското првенство и глобален шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул, пред неколку дена посочи дека би бил отворен за таков предлог.
По шокантната елиминација во 1/16 финалето од Парагвај на Светското првенство, веднаш дојде до прекин на соработката со Нагелсман чиј договор требаше да истече по завршувањето на Европското првенство во 2028 година.
Германската фудбалска асоцијација соопшти дека во врска со назначувањето на наследник, раководството на ДФБ ќе бара разговори со поранешниот менаџер на Ливерпул, Клоп.
Тој се смета и за најпопуларен избор меѓу навивачите на Германија, но предизвика возбуда претходно на Светското првенство и мораше да се извини, за навестувањето дека времето на Нагелсман на клупата на Германија можеби истекува.
🚨 BREAKING: Jürgen Klopp has officially opened doors to taking over as new German national team head coach! 💣🇩🇪
“The DFB leadership will now seek talks with Jürgen Klopp. He has already signaled his willingness to take on the position”, the Federation confirms. pic.twitter.com/EuUzOTz4a5
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 3, 2026


