Фото: Interpol

Интерпол објави фотографија од жената осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Интерпол денес објави фотографија заедно со идентитетот на жената осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел беше украинскиот тајкун Вадим Јермолаев, пренесува АП.

Интерпол објави црвена потерница на својата веб-страница за 39-годишната Украинка Анастасија Березовски. Според потерницата, Березовски има тетоважа, веројатно од змија, на десната рака, од рамото до лактот. Се вели дека има и темна коса и зборува германски јазик.

Извор: Interpol

Властите на Монако бараат нејзино апсење под сомнение за обид за убиство и други кривични дела. Осомничената оттогаш е видена во Германија.

Според снимките од безбедносните камери, таа при нападот се гледа со црна рибарска шапка, со цел да не биде препознаена.

Нападот се случил во понеделникот вечерта, кога непознато лице оставило пакет во влезот на станбена зграда во Монако. Набргу потоа одекнала силна експлозија, при што биле повредени три лица.

Жена маскирана како маж ја оставила бомбата во Монако

Истрагата се води како обид за убиство, а не како терористички напад. По детонацијата, осомничената била забележана како бега кон француската општина Босолеј, која се наоѓа веднаш до границата со Монако.

Иако властите официјално не ги објавија имињата на повредените, локалните медиуми пишуваат дека цел на нападот бил 58-годишниот Вадим Јермолаев, инвеститор во недвижности кој со години живее во Монако. Тој во 2019 година се откажал од украинското државјанство и станал државјанин на Кипар.

ВИДЕО | Украински олигарх и неговото семејство се повредени во бомбашки напад во Монако

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот