Фото: Монтажа / Икс

ВИДЕО | Украински олигарх и неговото семејство се повредени во бомбашки напад во Монако

Бомба вчера експлодирала во станбена зграда во Монако, при што сериозно биле повредени украински олигарх и двајца членови на неговото семејство, пренесува „Би-би-си“.

Според медиумите, целта на нападот бил бизнисменот Вадим Јермолаев, а другите две жртви се неговата партнерка и неговото 13-годишно дете.

Експлозијата се случила непосредно пред 21:00 часот на улицата „Рју Реверан Пере Луј Фрола“, во близина на границата со Франција.

Владата на Монако соопшти дека експлозијата била предизвикана од пакет-бомба, додека министерот за држава, Кристоф Мирман, изјави дека експлозивната направа изгледала дека содржела завртки и метални топчиња.

Тој нагласи дека станува збор за „намерна експлозија“ и дека полицијата ја истражува случката.

Снимки од безбедносни камери покажуваат како непосредно пред експлозијата осомничениот остава ранец во влезот на зградата.

Владата на Монако соопшти дека осомничениот бил забележан на видеонадзор како по експлозијата пеш бега кон Франција.

На местото биле распоредени повеќе од 100 полицајци и итни служби.

„Ова е првпат во историјата, доколку добро знам, вакво нешто да се случи во кнежевството“, изјави Мирман, шеф на владата на Монако.

Владата на Монако соопшти дека тројцата повредени биле префрлени во болница во блискиот француски град Ница.

Принцот Алберт II од Монако го опиша инцидентот како „грозоморно злосторство“ и „шок за целата заедница на Монако“.

Тој додаде дека „сите надлежни државни служби се мобилизирани“ во соработка со француските власти.

Јермолаев е сопственик на фирма за недвижности кој ја напуштил Украина пред неколку години. Во декември 2023 година бил ставен на санкциска листа од Украина.

Еден од најбогатите Украинци и неговата сопруга загинаа во бомбардирањето на Миколаев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот