Фото: Принтскрин

Клоп бесен поради поништениот гол на Германија: „Ако тоа е прекршок, Арсенал не би бил шампион“

Германската јавност и дел од судиските експерти бурно реагираат по поништувањето на голот на Џонатан Та во поразот од Парагвај, кој ја елиминираше Германија од Светското првенство. Одлуката на ВАР за наводен прекршок врз голманот Орландо Хил е главната тема по натпреварот, а дел од аналитичарите сметаат дека интервенцијата била претерана и дека не станува збор за јасен фаул.

Во фокус по натпреварот се најде и Јирген Клоп, кој жестоко ја критикуваше одлуката за поништување на голот. Тој смета дека не станува збор за фаул и дека ваквите ситуации ја уништуваат конзистентноста во судењето, посочувајќи дека слични дуели во други натпревари биле признаени. Клоп додаде дека Германија била оштетена во клучен момент од мечот кој ја чинеше елиминација од Мундијалот.

ВИДЕО | Сензација: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале

„Ако тоа е нерегуларен гол, тогаш Арсенал немаше да биде шампион на Англија. Тие постигнаа 60% од своите голови на тој начин. Ќе го добиевме натпреварот ако голот беше примен, па затоа ова е брутално “, изјави Клоп.

Слично мислење дели и поранешниот германски судија Торстен Кинхофер кој истакна дека контактот бил минимален и нормален за ваква ситуација, додека други експерти оценија дека критериумите на судење се неконзистентни. Реакции стигнаа и од Англија, каде дел од коментаторите порачаа дека вакви ситуации досега на турнирот биле различно толкувани, што дополнително ја засили дебатата околу употребата на ВАР системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот