Трамп: Продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа им порача на трговците со гориво веднаш да ги намалат цените и предупреди дека доколку тоа не се случи, ќе следуваат „големи проблеми“, објави „Ројтерс“.
Препорачано
„Продавачите на гориво мора веднаш да ги намалат цените. Нема да има манипулации со цените, што е целосно нелегално. Ако трговците не го направат ова, ги чекаат големи проблеми“, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошиал“.
Минатата недела, Трамп изјави дека му наложил на Министерството за правда да ги истражи нафтените компании поради тоа што не ги намалуваат цените на бензинските пумпи во согласност со падот на цената на суровата нафта, обвинувајќи ги дека ги „ограбуваат“ потрошувачите.
Трамп ги обвинува компаниите, бара истрага за цените на горивата
Цените на нафтата нагло пораснаа оваа година откако САД и Израел изведоа напади врз Иран кон крајот на февруари, а Иран возврати со сопствени напади врз Израел и врз земји од Заливот во кои има американски бази.
Потрошувачите изразуваат загриженост поради високите цени на бензинот, додека претседателот и неговите републиканци се обидуваат да ги задржат тесните мнозинства во Конгресот пред ноемвриските избори за среден мандат.
Дипломатските напори меѓу Вашингтон и Иран за решавање на конфликтот донесоа делумно олеснување на цените на горивата за американските потрошувачи во последниот период.
Нападите на САД и на Израел врз Иран, како и израелските операции во Либан, однесоа илјадници животи и предизвикаа раселување на милиони луѓе. Примирје стапи на сила во април и оттогаш е продолжено, но и САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за негово прекршување.
САД го нападна Иран — оттаму најавија дека ќе одговорат „брзо и решително“


