Игри на среќа / Фото: Илустрација

И во Македонија има просечни плати по 6.000 евра во секторот игри на среќа

Во индустријата за спортско обложување и игри на среќа во 2025 година работеле 8.246 лица, што е речиси ист број како и претходната година, кога биле евидентирани 8.257 вработени. Како што пишува порталот „Пари“, просечната нето-плата во секторот лани достигнала 54.434 денари, што претставува раст од 29,1 отсто во споредба со 2024 година, кога просекот изнесувал 42.157 денари.

Сепак, зад овој просек стојат огромни разлики. Анализата покажува дека има компании во кои просечните исплати се под законскиот минимален износ, но и фирма каде просечната нето-плата достигнала 362.329 денари, односно речиси 6.000 евра.

Според анализата на „Пари“, рекордер е „Свисс-Системс“ ДООЕЛ Гостивар, компанија која поседува лиценца за приредување игри на среќа со апарати.

Анализата покажува дека речиси две третини од сите вработени во секторот се концентрирани во само десет компании. Најголем работодавач е „Спорт лаиф трејд“ од Скопје со 866 вработени, по што следуваат „МА Гаминг“, „Макотен“ од Гевгелија и „Делта бет“.

Во однос на платите, разликите се уште поизразени. Најниската просечна нето-плата е евидентирана во „Лаки бет 2026“ од Кавадарци и изнесува 3.313 денари, додека во „Клуб Казино 77“ од Битола просекот бил 11.316 денари. Во „Банана кик“ од Тетово, пак, просечната плата изнесувала 21.990 денари.

Од друга страна, убедливо највисоки примања има во „Свисс-Системс“ од Гостивар, каде просечната нето-плата за 35 вработени достигнала 362.329 денари. Според „Пари“, меѓу компаниите со највисоки просечни плати доминираат фирми поврзани со државното приредување игри на среќа.

Коцкарниците се селат на најмалку 500 метри од училиштата, кладилниците ќе останат и поблиску

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот